Вимблдон наиде на критики од навивачите поради постерот: „Срамно, нечесно, како не ти е срам?“

Третиот Грен слем турнир во годината, познатиот Вимблдон, е што се вели зад аголот, поточно штотуку започна, а титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ , кој веќе има четири последователни трофеи на овој турнир. Негов најголем ривал, барем според АТП листата, е Карлос Алкараз.

Во пресрет на турнирот, односно почетокот, на официјалната веб-страница на Вимблдон се најде постер, кој не наиде на баш најдобар прием кај навивачите на социјалните мрежи.

Имено, Вимблдон направи некаков постер, на кој се обиде да ги објасни „сите легендарни ривалства“ што се случуваа низ годините на овој турнир. Сепак, имаше бурни реакции за еден тенисер кој не се појави на тој постер, а тоа беше Енди Мареј.

Енди Мареј во текот на кариерата дури двапати успеа да го освои Вимблдон, додека еднаш играше во финалето, но тоа не беше доволно графичкиот тим на овој турнир да го вклучи на плакатот, додека по некое чудо на постерот е Јаник Синер, кој како најголем успех го има четвртфиналето на овој турнир.

Во позадина се Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, додека на Твитер се појави коментар во кој се прашува – зошто е таму Надал, кога и тој има само три финалиња на Вимблдон како Мари?

Она што е уште попоразително е што сестрите Вилијамс се сместени во самиот агол на сликата, иако имаат дури 12 титули на овој турнир.