ВИ покажа како би можела да изгледа принцезата Шарлот кога ќе порасне: Совршена, комбинација на мама и баба (ФОТО)
Второто дете на принцот Вилијам и Кејт Миделтон, принцезата Шарлот, има осум години, а светот веќе се восхитува на нејзината префинетост и однесување за време на јавни настани и церемонии.
Благодарение на вештачката интелигенција, на Инстаграм се појавија фотографии и видеа кои покажуваат како би можела да изгледа убавата принцеза кога ќе порасне.
„Шарлот ќе личи на нејзината мајка, убава е“; „Денес, во реално време, ми личи на покојната кралица Елизабета“, „Убава е, но ве молам оставете ја да порасне во мир“, „Таа е совршена, комбинација од нејзината мајка и баба“, беа коментарите под пост.
Патем, Шарлот влезе во историјата по раѓањето. Имено, таа е првата британска принцеза родена по укинувањето на машката првородност во кралското семејство во 2013 година. Тоа значи дека линијата на Шарлот за британската круна не може да биде загрозена од помлад брат. Да беше родена како прво дете на принцот Вилијам, таа ќе беше идната британска кралица без оглед на нејзините помлади браќа.
Убавата принцеза е трета по ред за британската круна, по нејзиниот татко Вилијам и постариот брат Џорџ.