ФОТО | И покрај заканите од Русија – Товарен украински брод ја напушти Одеса преку новиот коридор и вплови во водите на Црното Море

Товарниот брод го напушти украинското пристаниште Одеса, на брегот на Црното Море, преку новиот поморски коридор воспоставен од Украина и покрај руските закани, соопштија денес украинските власти.

Бродот ‘Јозеф Шулте‘ го напушти пристаништето во Одеса и плови низ привремениот коридор воспоставен за цивилни бродови“, се вели во соопштението на украинскиот министер за заедници, територии и развој на инфраструктурата, Олександр Кубраков.

Олександр Кубраков изјави дека тоа е првата пратка што го напуштила пристаништето во Одеса од 16. јули.

Русија се закани дека бродовите што пловат до или од украинските пристаништа по истекот на договорот за жито во јули ќе бидат потенцијални воени цели.

Како одговор, официјален Киев најави дека ќе одговори на бродовите од украинските пристаништа окупирани од Русија.