Вкусна фритата: Одлично италијанско јадење кое се подготвува брзо и лесно

Фритата е секогаш одлично решение кога сме во брзање, а ова вкусно и едноставно јадење од италијанската кујна доаѓа во многу варијанти.

Фритата со сирење, зеленчук, шунка… Варијантите на ова популарно јадење на база на јајца, слично на омлет или киш без кора или изматени јајца, се безброј, а може да биде совршен појадок или брз ручек или вечера.

Состојки:

  • 5 јајца
  • тиквички
  • праз
  • 100 гр сирење
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • копар

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Исецкајте го празот и исечете ги тиквичките на кришки. Во тавата ставете малку масло да се загрее. „Пожолтете“ го празот и кога ќе биде готов извадете го во сад.

Во истата тава лесно испржете ги кришките тиквички. Во поголем сад изматете ги јајцата и зачинете ги по желба.

Измешајте сè со зеленчукот и истурете ја смесата во огноотпорен сад.

Се пече осум минути во рерна загреана на 180ºC.

Отворете ја рерната, додајте го сирењето и оставете да се готви уште две минути.

Внимателно извадете ја фритата од рерната. Послужете го со ароматични билки одозгора, на пр. копар.