ВИДЕО | КРИЗНА НА ИДЕНТИТЕТ – Човек од Јапонија потрошил илјадници долари за да се трансформира во куче: “Сакам да живеам кучешки живот!“

Јапонецот Токо платил повеќе од 14 илјади долари за да се трансформира во куче облечено во костим.

На креаторите на костимот им биле потребни дури 40 дена да ја направат оваа необична облека која му помогнала на Токо да го оствари својот сон да стане животно.

На Јутјуб каналот Токо го прикажува своето искуство, а таму го следат дури 41 илјада луѓе. Во видеата, Токо во маската на куче се тркала на подот, игра, оди на прошетка, јаде кучешка храна и ги поздравува луѓето – се што прави секое крзнено милениче. Овој човек признава дека ужива бидејќи сега се чувствува како легален миленик.

Тој ја избрал расата шкотски овчар бидејќи му е омилена, а неговиот костим го креирала агенција од Јапонија, која е позната по создавањето скулптури и модели за филмови.

Тој објави и видео во кое за прв пат излегува во јавност како куче. Набљудувачите биле видено зачудени. На видеото, тој може да се види како комуницира со луѓе и други кучиња. За видеото, Токо вели дека е снимено минатата година за време на интервју за германскиот медиум RTL.

За среќа, добив дозвола да ги користам видеата, па ги објавувам во јавноста! Беа многу љубезни кон мене на денот на интервјуто“, напишал Токо во описот на видеото објавено на Јутјуб. Тој признава дека бил нервозен и исплашен пред првото појавување во јавноста. 

На видеото можете да видите како Токо се однесува како куче, а некои кучиња се исплашиле откако му пришле. Токо своите искуства како куче ги бележи на својот канал на Јутјуб, а неговиот идентитет и лик не и се познати на јавноста.

Во едно од видеата од минатата година, Токо признава дека од детството отсекогаш сонувал нејасен сон да стане животно.

Ретко им кажувам на моите пријатели за ова бидејќи се плашам дека ќе мислат дека сум чуден. Моите пријатели и семејството изгледаа многу изненадени кога слушнаа дека ќе станам животно“, изјавил тој за Mirror во декември минатата година.