Владата на Казахстан поднесе оставка

 Владата на Казахстан поднесе оставка денеска, соопшти кабинетот на казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев.

Од кабинетот на Токаев не соопштуваат зошто владата на чело со премиерот Алихан Смаилов поднела оставка.

Во соопштението се наведува дека вршител на должноста премиер привремено ќе биде првиот вицепремиер Роман Скљар, пренесува Радио Слободна Европа.

„Во согласност со член 70 од Уставот на Република Казахстан, одлучив да ја прифатам оставката на Владата на Република Казахстан. Привремено, должностите на премиерот му се предаваат на Скљар Роман Василевич. Членовите на Владата на Република Казахстан ќе продолжат да ги извршуваат своите должности додека не се одобри новиот состав на Владата“, се наведува во указот на Токаев.