Донесена е одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање нови 36-мина припадници на Армијата на Република Македонија – Батаљон за специјални операции, за учество во хуманитарна операција во Република Туркије.
Владата на Северна Македонија донесе одлука за испраќање дополнителна помош на Туркије по разорните земјотреси кои ја погодија земјата на 6 февруари.
Владата овие одлуки ги донесе на 128-та владина седница одржана вчера.
„Донесена е одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање нови 36-мина припадници на Армијата на Република Северна Македонија – Батаљон за специјални операции, за учество во хуманитарна операција во Република Турција (Туркије)“, се вели во владиното соопштение.
Според ова соопштение, донесена е и одлука за испраќање нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување, за учество во давањето помош на Туркије во санирањето на последиците од земјотресот.
„Се испраќа, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување, и комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето“, се додава во соопштението на Владата.
Од друга страна, според соопштението на Град Скопје, Советот на Град Скопје донел одлука за доделување на парична помош за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Туркије и Сирија во висина од 6 милиони денари.
„Средствата ќе се уплатат преку сметката за хуманитарна помош на Црвен Крст на Македонија, а истите се обезбедуваат од ставката за непредвидени расходи на градскиот буџет“, се вели во соопштението на Град Скопје.
Се истакнува дека на 7 февруари, Градот Скопје испратила и интервентна екипа на Противпожарната единица на град Скопје за помош при спасувачката мисија во Газиантеп.
„Во меѓувреме сме во постојан контакт со локалните власти и стоиме на располагање за сите барања кои може да произлезат во рамки на спасувачката акција. Градот Скопје е град на солидарност“, се додава во соопштението.
За потсетување, Владата на Северна Македонија на предлог на Министерството за надворешни работи, на126 седница одржана на 6 февруари, донесе неколку заклучоци меѓу кои и да го задолжи Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес.
Меѓу другото, Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Туркије да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.
Во санирањето на последиците од земјотрес, се испраќаат вкупно 24 лица припадници на Министерството за одбрана – Армија на Република Северна Македонија, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.
TRT Balkan