ВЛАДИМИР ПУТИН ПОТПИША ВАЖЕН ЗАКОН – Наредбата стапува на сила веќе од денес: “Нека се подготви Армијата!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес потпиша указ за есенско регрутирање на 130.000 лица, колку што ќе бидат повикани на воена служба во 2023 година.

Од 1. октомври до 31. декември 2023 година, во воена служба ќе бидат регрутирани државјани на Руската Федерација на возраст од 18 до 27 години кои не се во резерва и се предмет на регрутирање воена служба во согласност со федералниот закон“, се наведува во декретот, пренесува медиумската агенција РИА Новости.

Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето, односно денешниот датум.

Високиот руски воен функционер Владимир Цимљански објасни дека сите регрути ќе бидат испратени во формации и воени единици на територијата на Русија, но дека нема да одат во припоените региони – регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Освен тоа, тие нема да бидат вклучени во војната во Украина.