Билд: Ливерпул најде замена за Салах. За тоа ќе бидат платени 60 милиони евра

Мохамед Салах летово беше многу блиску до заминување од Ливерпул откако доби профитабилна понуда од Саудиска Арабија. Египќанецот сепак остана на „Енфилд“ каде има договор до 2025 година, но самиот факт што размислуваше за заминување го загрижи Јирген Клоп, кој бара играч кој би можел да го замени во иднина.

Германскиот Билд пишува дека Клоп го пронашол во ликот на Дониел Мален од Дортмунд, кој за 24-годишниот Холанѓанец бара околу 60 милиони евра. Во Ливерпул во моментов не брзаат бидејќи имаат неколку опции на крилните позиции, но „Билд“ тврди дека Клоп ќе се обиде да го доведе доколку Борусија одлучи да го продаде. 

Мален пристигна во Дортмунд во 2021 година од ПСВ за 30 милиони евра и навистина не се истакна до оваа сезона. На седум натпревари во сите натпреварувања постигна четири гола со две асистенции и е најдобар играч на Борусија на почетокот на сезоната. Вкупно за жолто-црните на 80 натпревари постигна 23 гола и 16 асистенции, додека за ПСВ на 116 настапи постигна 55 гола и 24 асистенции.