Ако Пендаровски сака да дебатира со претседателот Мицкоски, нека стане претседател на СДС по поразот од 8 мај и дотогаш и се извини на Силјановска за навредите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски несомнено му врза свилена врвка на Димитар Ковачевски и веќе ја најавува својата амбиција да стане следниот лидер на СДС.
А до 8 мај, Пендаровски има доволно време да собере ронка доблест и да и се извини за сите навреди на Гордана Силјановска Давкова.
Изливите на навреди на Пендаровски само покажуваат дека тој не е ниту демократ, ниту зрел за претседателската функција.
Штета што човек како Пендаровски беше претседател на Македонија. Промените се на само чекор од нас. Народот ќе си ја врати државата. Македонија повторно е горда“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.