Димитриевски: Нема да коалицира со актуелниот лидер на СДСМ

Кандидатот за претседател од движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски вели дека не би коалицирал со актуелното раководство на СДСМ, додека за ВМРО-ДПМНЕ вели дека не би коалицирал доколку оваа партија се уште има свои стари навики.

„Едно можам да кажам со најголема одговорност, дека ние како ЗНАМ, новоформирана партија, никогаш нема да формираме мнозинство со актуелниот лидер на СДСМ.

Но, од друга страна, во идната коалиција, секако нема да разговараме со никој од ВМРО-ДПМНЕ доколку тие сепак ги привлекуваат старите наративи и навики.

Ја заматија водата, нека коалицираат, па и добро да комуницираат меѓу себе, а ние со граѓаните ќе останеме во опозиција“, рече Димитриевски во „КликПлус“.