ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставот на ДУИ и Али Ахмети дека на Ковачевски му ги доставиле оставките на сите министри од ДУИ во моментот кога ВМРО ги гласа уставните амандмани.
Од партијата на Мицкоски велат дека тој треба да поднесе оставка и да оди на избори.
„Добро е што ДУИ по 20 години на власт е подготвена да оди во опозиција каде ќе може да одговара за криминалот и да ја докажува својата невиност, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на информацијата дека министрите од ДУИ. поднесоа оставки, кои ќе стапат на сила откако опозицијата ќе ги изгласа уставните измени.
Откако ДУИ го направи првиот чекор, нивните оставки, сега само тие треба да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и игри на сметка на државата и иднината на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.