ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е под директна наредба на Ахмет и Ковачевски

Според ВМРО, послушноста на Пендаровски кон двајцата партнери во власта, Ахмет и Ковачевски, оди дотаму што овој може да му нареди на претседателот да противречи на сопствените ставови.

„Пендаровски е блед и непрепознатлив во секоја емисија, се што кажа потоа го демантираше, неговите ставови остануваат додека не стигнат до ушите на неговите шефови Ковачевски и Ахмети. Пендаровски е човекот кој брзо ги потпиша измените на Кривичниот законик како од него да зависи опстанокот на светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според оваа партија, Пендаровски немал храброст да им каже не на криминалните власти.