ВМРО-ДПМНЕ : Ставањето на црната листа на САД на Давидовиќ ги потврди наводите на ВМРО – ДПМНЕ

Ставањето на црната листа на САД на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, ги потврди сите наводи на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години за негова вмешаност во коруптивни скандали во Македонија и тесна соработка со власта на СДС и ДУИ. Тие му овозможија на Давидовиќ да гради безмалку град во Тетово прво преку купување на имотот на Шик Јелак, а потоа и прегу носење на скандалозен ДУП.

Но, американските институции потврдија дека тој имал коруптивни активности и ги спроведувал руските намери за рушење на демократските институции, процеси, судството и правната држава. Во извештајот се нотирани имињата на Зоран Заев и Драги Рашковски (поручникот на Заев) кој дури и е посочено дека меѓудругото е гонет заради тоа што земал пари од Дака Давидовиќ.

Дали ова значи дека владата на СДС и Заев била рубља влада?

Дали црните рубљи завршиле во СДС или во приватните џебови на владините функционери?

Каде се сега наводните “европејци“ и „прозападни сили“ да објаснат како работеле со рускиот експонент, како добивале пари и каде тие пари завршиле?

Парите не знаеме каде завршиле, ама знаеме дека бизнис пајташот на Заев и СДС заврши на црната листа на САД.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ