ВМРО: Ковачевски да не ја држи Македонија во заложништво, изборите се единственото решение

ВМРО го обвинува СДСМ дека ја држи Македонија во заложништво и дека единствено решение гледаат на изборите.

„За Ковачевски да не ја држи Македонија во заложништво поради неговиот мандат, изборите се единственото решение.

Повеќе од една година Ковачевски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила уставните амандмани. Во петокот потонаа сите лаги на СДСМ, не само што немаа 80 пратеници, туку немаа ни 70.

Во СДСМ знаат дека во моментот кога ќе ги стават на гласање уставните амандмани ќе пропаднат, затоа го одолговлекуваат со надеж дека ќе останат на власт уште еден месец.

Додека СДСМ ја држи власта како спас, Македонија тоне. Народот секој ден живее полошо.

СДСМ со криминал, корупција и неспособна политика ја брка Македонија од ЕУ. Изборите се единствениот излез. Избори за промени“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштението.