Детали за експлозијата кај Нијагарините водопади: Возачот возел 160 км/ч, бил во казино и отишол на концертот на познатата рок група (ВИДЕО)
Автомобилот бил целосно уништен, останал само моторот
Возачот кој удри во близина на Нијагарините водопади, на границата меѓу САД и Канада, возел повеќе од 160 километри на час.
Возилото „бентли седан“ летало неколку естри во воздух, а потоа експлодирало. Покрај возачот загинал и сопатникот. Поради несреќата затворени се неколку гранични премини, а иако на почетокот се мислеше дека можеби станува збор за терористички напад, тој сомнеж беше отстранет.
– Сакам да им објаснам на Американците и на њујорчаните, нема индиции за терористички напад – изјави гувернерката на американската сојузна држава Њујорк, Кети Хочул.
Се верува дека мажот и жената биле во казино во Нијагарините водопади и биле упатени на концерт на Kiss во Онтарио.
Мажот возел со голема брзина кога удрил во граничниот премин на американската страна. Автомобилот не стигна до канадската страна на границата.
Полицаецот на Граничната патрола се здобил со полесни повреди и му била укажана помош во локалната болница.
Според извештаите, автомобилот бил целосно уништен, останал само моторот.
Мостот што ги поврзува САД и Канада е многу фреквентен, особено за време на празниците, а се наоѓа многу блиску до познатите Нијагарини водопади. Само во ноември преку овој пат во САД влегле 50.000 луѓе.