ВОЗАЧ НА АВТОБУСОТ ДОБИЛ СРЦЕВ УДАР ДОДЕКА ПРЕВЕЗУВАЛ ДЕЦА?! Видео од несреќата во Белград, се создаваат големи гужви

Попладнево околу 14 часот и 30 минути имаше страшен сообраќаен метеж на автопатот Белград-Ниш кога автобусот ја проби заштитната ограда откако сврте кон Крагуевац.

Според неофицијални информации, возачот на автобусот наводно имал срцев удар.

Во тој момент во автобусот имало ученици од неколку училишта во Ниш кои како најдобри ученици биле на пат во Шпанија.

Инаку, автобусот удрил во централната ограда, но за среќа нема повредени.