Возило на брза помош прегази тројца тинејџери во Загреб, едниот е тешко повреден

Возило на Брза помош прегазило тројца малолетници во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите, тинејџерите седеле во трева кога возилото ги прегазило.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила синоќа околу 21:45 часот, кај спасувачката кула.

„Во возилото за Итна медицинска помош лекарите му пружале лекарска помош на малолетно лице поради сомнение за интоксикација, по што 62-годишниот возач свртел со возилото преку тревата кон излезниот пат, при што во тој момент ги повредил тројцата малолетници“, соопштија од полицијата.

Оттаму додаваат дека малолетниците седеле на тревата, а еден лежел во близина на Брзата помош.

„На повредениот малолетник му била укажана лекарска помош во загрепската клиничка болница, каде било констатирано дека е тешко повреден, додека другите малолетници се полесно повредени и укажана им е помош на Клиниката за детски болести“, соопшти загрепската полиција.