Вози тенк на тркала и дава тројки со нога! Лука Дончиќ е оригинален: Американците се зачудија кога видоа што прави асот на Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ е еден од најуникатните кошаркари во НБА, исто како и Никола Јокиќ.

Лука Дончиќ

Медиумите постојано го следат секој потег на Лука Дончиќ. Пред загревањето за натпреварот против Сан Антонио (113:107), камерите уловија необичен потег на кошаркарот на Далас. Имено, Дончиќ шутираше за три поени, но и со нога го погоди кошот.

Ги вчудоневиди соиграчите и предизвика неверување во публиката. Тој самиот смета дека тоа е сосема нормално.

По натпреварот било снимено возилото со кое управувал Лука Дончиќ. Тоа е вистински тенк на тркала. Моќна машина.

Кошаркарот на Далас застанал откако го напуштил паркингот на теретаната бидејќи видел многу деца кои го чекаат. Трпеливо потпишуваше автограми и разговараше со најмалите.

Специјалниот автомобил со кој управува Лука Дончиќ е наречен „Hellfire“ 6×6 и е базиран на возилото „Jeel Gladiator“, со мотор од 500 коњски сили. Цената на овој теренец е 250.000 долари, што не е голем трошок за еден кошаркар, бидејќи во Далас заработува 37 милиони долари годишно.

Лука Дончиќ

Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл во победата на Далас над Сан Антонио , со 18 поени, 10 скока и 16 асистенции.