ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ БЕСЕН ПОРАДИ СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ВО ЊУЈОРК – Претседателот на Украина не сака да седи со ‘руски терористи’ во иста сала
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги праша Обединетите нации зошто на Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, му беше дозволено да присуствува на Генералното собрание на ОН додека Кремљ продолжува со инвазијата на Украина.
Sky News објави дека за време на посетата на болницата во Њујорк, каде што се лекуваат ранетите украински војници, Володимир Зеленски рекол дека телото што ги собира светските лидери треба да даде одговор на прашањето зошто Сергеј Лавров има дозвола да присуствува на собранието.
„За нас е многу важно нашите партнери да ги слушнат сите наши зборови и сите наши пораки. И ако има уште место за руските терористи во Обединетите нации, што е штета, но сепак е така, тоа не е прашање на кое треба да одговорам. Мислам дека ова е прашање за сите членки на Обединетите нации“, рекол Володимир Зеленски.
Претседателот на Украина подоцна денес ќе им се обрати на светските лидери на Генералното собрание на ОН.
Се дознава дека Володимир Зеленски ќе одржи говор и за војната во Украина на утрешната седница на Советот за безбедност на ОН.
Sky News наведува дека на таа седница се очекува да зборува и Сергеј Лавров.