ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ПОВИКА ДА СЕ НАМЕТНАТ НОВИ САНКЦИИ КОН РУСИЈА – “ЕУ смета дека војната е континуирана закана за Европа!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повика на воведување нови санкции против Русија.

Володимир Зеленски ги повика министрите за надворешни работи на ЕУ, кои беа собрани во Киев, да воведат нова рунда санкции против Русија и кажа дека победата на Украина во војната со Русија зависи од соработката со Европската унија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, вети континуирана воена поддршка за Украина

Поддршката на Европската унија за Украина е постојана“, изјави во понеделникот високиот функционер на ЕУ, откако највисоките претставници на ЕУ се собраа во Киев да разговараат за војната.

Нашата поддршка не зависи од напредокот на еден ден. Тоа е постојана, структурирана поддршка бидејќи се соочуваме со егзистенцијална закана за Европа“, вели Жозеп Борел на прес-конференција. 

Зборувајќи заедно со Жозеп Борел, украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба кажа дека преговорите за членство на Украина во ЕУ треба да започнат пред крајот на годината, додавајќи дека пристапот на Киев во блокот е само прашање на време.

Министерката за надворешни работи на Германија, исто така, во понеделникот кажа дека иднината на Украина лежи во Европската унија и го пофали Киев за тековните реформи според условите за членство во ЕУ. Тие вклучуваат акција против корупција и перење пари, слобода на медиумите и заштита на малцинствата.