Володимир Зеленски повторно ја пофали контраофанзивата: “Постигнавме напредок! Да, има напредок, тоа е важно“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави во неделата дека украинската Армија, која спроведува контраофанзива против руските окупаторски сили, постигнала напредок на јужниот фронт минатата недела, како и дека има напредок и кај Бахмут на исток.

Неговите последни изјави за тримесечната контраофанзива се чини дека ги потврдуваат оценките на другите официјални лица за напредокот, иако скромен, на исток и југ.

Во текот на изминатите седум дена постигнавме напредок во јужниот дел на Таврија“, порача Володимир Зеленски во своето видео обраќање и додаде: „Има движење во делот на Бахмут. Да, има напредок!“.

Володимир Зеленски кажа дека украинските сили држат позиции на другите линии на фронтот на исток – кај Авдивка и Маринка во близина на фокусот на главните напади на Русија, како и Лиман и Купјанск, кои исто така се цели на руските обиди да напредува понатаму на север.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави напредок во Бахмут – местото на најтешките борби речиси една година додека руската Армија не го зазеде во мај.

Володимир Зеленски и другите официјални лица велат дека контраофанзивата одзема време и тие ги отфрлија критиките на западните медиуми дека се движи премногу бавно поради тактички грешки, како што е испраќањето војници на погрешни локации.

Во интервјуто за магазинот Economist во неделата, Володимир Зеленски кажа дека постојаниот напредок е клучен за одржување на моралот.

Сега имаме промена. Тоа е важно“, заклучил Володимир Зеленски, објави Economist.