Во автобус на ЈСП: Нападнато дете, насилници му се закануваа со нож

Скопската полиција извести дека вчера М.С.(50) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Аеродром во автобус на ЈСП неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а еден од нив се заканувал со нож.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.