Во Белград пријавена епидемија на сипаници: Вирусот циркулира

Во Белград е пријавена епидемија на мали сипаници , соопшти Градскиот институт за јавно здравје.

Нови случаи на зараза со сипаници од 6 февруари, кога се појави првиот случај по 10 месеци, секојдневно се појавуваат во последните денови и не се меѓусебно поврзани, што значи дека вирусот е во оптек.

Последните два случаи на зараза со сипаници за кои јавноста дозна се од утрово. Така, мали сипаници биле потврдени кај уште две лица во Белград. Се работи за маж (46) и дете (3).