Во велешката населба Превалец најден мртов 65-годишен овчар од Прилеп

Во СВР Велес од Итна медицинска помош синоќа во 20:45 часот било пријавено дека во велешката населба Превалец починал 65-годишниот Д.М. од Прилеп, кој бил ангажиран како овчар. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.,информира денеска Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

-Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Велес и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција,соопшти Самарџиев