Во декември ќе се знае датумот за изборите, најави Ковачевски

Средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на парламентарните партии за датум за изборите ќе се одржи во Собранието во декември, изјави Ковачевски но не прецизира кога. Тој повтори дека во мај има доволно простор да се оддржат редовни претседателски и парламентарни избори, но одби да потврди дали изборите ќе бидат на 8 мај. Инаку 8 мај е единствениот термин кога претседателските и парламентарните избори може да се одржат во редовниот термин.

Се водат разговори со партиите за одржување на изборите и како што реков во мај има доволен простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. За одржувањето на изборите, планирам во текот на наредниот период, бидејќи декември нуди таква можност, да се одржи една средба во Собранието со парламентарните партии на која што ќе можеме да ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите и идната година да одиме на избори- рече Ковачевски.

Ковачевски не прецизира дали со ДУИ на изборите ќе настапат со заеднички листи.

– Тоа е одлука на партиите и предмет на коалициски договори и во моментов за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме – ече премиерот.