Во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега загинаа 23.084 Палестинци

– Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега загинаа 23.084 Палестинци.

Министерството за здравство во Газа објави дека само во последните 24 часа загинале 249 Палестинци.

Наведено е дека во израелските напади во последните 24 часа ранети се 510 Палестинци.

Соопштено е дека израелските сили извршиле 17 масакри во последните 24 часа.

Од Министерството се додава дека од 7 октомври досега повредени се 58.926 Палестинци.