Во Иран запленети 1,3 тони наркотици

Иранската полиција запленила 1,3 тони наркотици, соопшти командантот на граничната стража на иранската провинција Систан и Белучистан.

Според иранските медиуми, шверцерот е фатен и во неговото возило биле откриени 1,1 тон опиум и 200 килограми хашиш.

Тој изјави дека дрогата била откриена во рамки на акција за борба против наркотици.