Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи, положи заклетва

Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи денеска положи заклетва пред парламентот на земјата и со тоа и официјално ја презеде претседателската функција, јавија британските медиуми.

Како претседателски кандидат, Милеи вети дека ќе го исчисти политичкиот естаблишмент од корупција, ќе ја елиминира Централната банка, која ја обвини дека печати пари и ја поттикнува инфлацијата и дека ќе го замени нестабилниот пезос со американски долар.

Милеи победи со убедлива победа во вториот круг од изборите одржани на 19 ноември и ја испрати перонистичката политичка опција која со децении доминираше на политичката сцена во Аргентина во опозиција