На Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул (Турција) вечер од 21 часот ќе почне финалето на фудбалската Лига на шампиони. За вредниот трофеј во елитното натпреварување ќе се борат Интер и Манчестер сити.
Интер три пати го има освоено Купот/Лигата на шампионите (1964, 1965 и 2010 година). Пред 13 години миланезите дојдоа до тројна круна (Серија А и Куп на Италија и ЛШ) предводени од тренерот Жозе Мурињо и со најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев.
Сега Манчестер сити може до тројна круна – откако ја освои Премиер лигата (трета по ред, и ФА Купот. „Граѓаните“ имаат шанса да ја освои Лигата на шампионите за прв пат во историјата.