Во Калифорнија е извлечен џекпот од 1,08 милијарди долари!

Среќниот билет е продаден на маркет во Лас Палмитас во центарот на Лос Анџелес

Џекпотот од 1,08 милијарди долари e извлечен во Калифорнија и ќе биде третата најголема награда во историјата на Powerball .

Победничките броеви беа 7, 10, 11, 13, 24 и црвениот Powerball 24.

Среќен билет бил продаден на пазар во Лас Палмитас во центарот на Лос Анџелес.

Победникот ќе може да избере како сака да се исплатат парите, а доколку реши да добие значителна сума одеднаш, по даноци и други давачки, таа бројка ќе биде 558,1 милиони.

Шансите за освојување на главната награда беа астрономски – 1:292.201.338.

Најголемиот џекпот на Powerball досега беше 2,04 милијарди долари минатиот ноември.

Последен пат некој добил џекпот на Powerball на 19 април, а победникот тогаш собрал околу 253 милиони долари и оттогаш имало 38 извлекувања без победник.