Во Кан сите останаа без зборови кога најубавата Европејка стапна на црвениот тепих

Фаталната Романка, Мадалина Генеа, го украде целото внимание на премиерата на филмот ,,Killers Of The Flower Moon” во Кан. Според многумина, најубавата Европејка на црвениот тепих пристигна во фустан со длабок шлиц, а долгите нозе дополнително ги истакнаа високите потпетици.

Мадалина, родена во Слатина, Романија, кариерата ја започнала на само 15 години, кога ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони. Благодарение на нејзината убавина и талент, таа учествуваше во бројни модни кампањи и ревии, но не секогаш изгледаше вака. Многумина ја критикуваа за пластични операции, но една од најпосакуваните жени на светот и покрај критиките шармираше многу познати мажи.

Пред неколку години во неа се заљуби и холивудскиот заводник Џерард Батлер, но нивната врска не успеа, како и онаа со познатиот актер Леонардо ди Каприо.

Таа беше во врска и со дизајнерот Филип Плејн, а и’ се додворуваше богатиот трговец со уметнички дела Вито Шнабел, но се чини дека врската беше многу краткотрајна бидејќи поранешното момче на Хајди Клум подоцна беше видено со Ирина Шајк.