Во понеделник матичните лекари нема да работат од почит кон убиениот колега

Матичните лекари во понеделник, во периодот од 12 до 16:00 часот, нема да работат поради почит кон убиениот колега од скопска Железара, д-р Ацо Трповски.

Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните матични лекари, вели дека имало предлози прекинот на работата да биде подолг, но се одлучиле за 4 часа за да не биде на штета на пациентите.

„Ова не смееме да го премолчиме. Секој од нас можеше да биде на местото на убиениот колега. Колегите се едногласни во ставот дека мора да реагираме. Имаше предлози прекинот да биде и шест часа, но се догворивме да бидат четири и одлуката е веќе донесена. В понеделник, во периодот од 12 до 14 часот, матичните лекари нема да даваат ниедна услуга. Мора да кажеме колку сме незаштитени како лекари во примарно здравство. Немаме ниту, пак, со капитацијата можеме да си платиме обезбедување, а работиме со секакви пациенти“, изјавила Чолакова-Дервишова за „Макфакс“.