Поради тоа што вработените не земале плата за декември, автобусите на Јавното претпријатие нема да сообраќаат од понеделник, иако е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, велат од Синдикатот на JСП.
Од Синдикатот додаваат дека утре ќе ја испитаат можноста дали во понеделник наутро ќе има по еден автобус на сите линии за учениците, со оглед на тоа што почнува втората половина од учебната година.
Првиот човек на синдикатот Миќо Стојановски рече дека остануваат на својата одлука – да нема јавен превоз во понеделник, за кога е свикана седницата на градскиот совет, на која единствената точка за дневен ред мора да се изгласа за субвенции на компании во износ од 11 милиони евра.