Во прекин сообраќајот преку теснецот Дарданели поради пожар

– Поморскиот сообраќај од Егејското Море до Мраморното Море преку теснецот Дарданели е во прекин поради шумски пожар во северозападната турска провинција Чанаккале, соопштија вечерва турското Министерство за сообраќај и Агенцијата за транспорт Трибека.

Во соопштението на Агенцијата се прецизира дека сообраќајот преку Дарданелите е прекинат во двата правци, за авионите кои го гаснат пожарот безбедно да земаат вода од морето.

Од Министерството посочија дека реморкерите се подготвени да интервенираат доколку пожарот се приближи до брегот и да дадат дополнителна поддршка во акцијата за гаснење на пожарот.