Знаци дека детето поминува премногу време на интернет

Психолозите објаснуваат дека прекумерното поминување време на интернет и социјалните мрежи е многу слично на зависност и може да доведе до големи проблеми за возрасните, а особено за децата.

Како што додаваат, денес родителите лесно можат да препознаат дали нивното дете е зависно од интернет, или поминува премногу време на интернет.

Ова се знаци кои покажуваат дека детето поминува премногу време на интернет. Прво, детето покажува прекумерна раздразливост. Како што објаснуваат психолозите, детето често не знае да се контролира во реалниот живот ако поминува премногу време во виртуелниот, а како резултат на тоа се појавува необјаснива раздразливост, која често доаѓа без некои позначајни причини.

Исто така, знак што може да биде показател дека детето поминува премногу време на интернет е кога се повлекува во себе. Наместо да се дружи со пријателите, детето зависно од интернет и социјалните мрежи секој слободен момент ќе го помине пред екран, најчесто во тишината на својата соба.

Како резултат на тоа, може да се појават послаби оценки или откажување од секојдневните активности или хоби активности. Децата често почнуваат да се повлекуваат од активностите кои дотогаш ги интересирале и секој слободен момент го поминуваат пред компјутер или мобилен телефон.