Во Прилеп се одржа шеснаесеттото „Поетско Маркукуле“

 Во Прилеп викендов се оддржа шеснаесеттото издание на поетската манифестација „Поетско Маркулкуле“, на кое учество земаа над 150 поети од земјава и од странство. 

Од Клубот на литературни творци, кои од 2019 година се и главни организатори на настанот велат дека ваквите настани се од големо значење за промоција на македонската традиција и култура, како и дека во Зборникот кој традиционално се издава, учество зедоа 220 поети поделени во неколку категории и тоа: домашни автори, странски и автори од дијаспората и млади автори до 18 години.

– Овој зборник кој го промовираме денес е вистински доказ дека „Поетско Маркукуле“ прераснува во веќе препознатлив поетски бренд не само во Македонија туку и пошироко. Ние како клуб покажавме дека со сплотени сили можеме да постигнеме се, истакна претседателката на клубот Андријана Ристеска.

Оваа година покровители на настанот се: Општина Прилеп, Министерството за култура, Магрони доо Скопје и ПИ Витаминка Прилеп.

-Од тука испраќаме една прекрасна порака, а тоа е дека пишаниот збор е на прво место каде што може да се презентира македонскиот јазик, култура и традиција. Посебна чест ми е што сум дел од овој настан кој од година во година зема се поголем замав и со тоа го промовираме и нашиот град и нашите надежни творци, изјави граљдоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Првото издание на оваа манифестација се одржа во 2007 година по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски Димкар.