Илјадници посетители од земјава и странство има денеска на традиционалната манифестација „Зелникот на баба“ во Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека ова е 11 издание на оваа манифестација.
-Можам да се заблагодарам на сите институции кои се вклучени, за Пробиштип денеска да биде извонреден домаќин, имаме извонредна организација, неколку илјади посетители од градовите од Македонија и секако овде се нашите пријатели од Република Србија и Република Бугарија, вели Анастасов.
Во манифестацијата „Зелникот на баба“ во чии рамки се подготвува зелник на традиционален начин под вршник учество земаат 20 тина групи, од кои пет од Општина Пробиштип. Активно се вклучени пензионерките и пензионерите, но какошто вели Анастасов го радува и присуството на помладите.
-Она што сакаме преку оваа манифестација да го прикажеме е и да одадеме признание и на нашиот Лесновски манастир, за таму како се приготвува зелникот под вршник и се пренесува оваа традиција преку активот на нашите пензионерки од генерација на генерација, рече Анастасов.
Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип станува препознатлива за граѓаните ширум земјава, а годинава според организаторите имаат рекордна посетеност, кои на лице место можат да видат како се приготвува зелник, а потоа се пече и под вршник.