Во руски ракетен напад загинаа 9, повредени се 56 лица

– Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа, а 56 се повредени во руски ракетен напад во текот на ноќта врз Краматорск во источна Украина, соопштија денес надлежните.

„Бројот на загинатите се искачи на 9 (од кои 3 се деца), додека 56 лица се повредени (меѓу кои едно дете), 7 лица се спасени“, се вели во соопштението на украинското Министерство за внатрешни работи на Телеграм.

Расчистувањето на урнатините продолжува, се додава од Министерството.