– Возач од Скопје ноќеска со „опел вектра“ удрил во билборд на улицата „Гологанов“, при што се здобил со тешки повреди додека неговата сопатничка со телесни повреди.
Од МВР соопштија дека ноќеска 15 минути по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“, се наведува во соопштението.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.