ВО СРБИЈА ИСЧЕЗНА УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ: Снежана никаде ја нема, а еве што откри полицијата – објавен важен АПЕЛ
Снежана Лентиќ (52) исчезнала во понеделникот на 8 април околу 11 часот, а нејзиното последно движење било снимено на автобуската станица во Уб каде што излегла од автобусот, објавил синот на Снежана.
Како што вели, ова е првпат Снежана да ја снема, а немала никакви здравствени проблеми.
- Никогаш досега не се случило да замине и да не знаеме каде е. Таа нема здравствени проблеми, но во последните неколку години стана многу чувствителна – изјави синот на Снежана.
Според него, исчезнувањето било пријавено во полиција, која утврдила дека Снежана ја извадила картичката од телефонот.
-Полицијата утврдила дека ја извадила и ја фрлила картичката од телефонот. Со себе ги зела сите документи и околу 15.000 динари – истакна тој.
Снежана во моментот на исчезнување носела темна маица, фармерки и бели патики.
Полицијата објави апел ако некој ја види Снежана да се јави се во полиција или на посочените телефонски броеви.