Во Тетово полицијата пронашла садници канабис на нива каде се сади пченка

Полицијата соопшти дека нашла садници канабис во тетовското село Јанчишта, на нива која главно била засадена со пченка.

„Вчера (11.10) полициски службеници на СВР-Тетово во месноста „Керамедлија“, во тетовско село Јанчишти, во нива засадена со пченка, пронашле над 150 корени „канабис сатива“.

„Дел од корените се испратени на вештачење, а останатите ќе бидат откорнати и уништени“, велат меѓу другите од СВР -Тетово.