ВО ТУРЦИЈА НАЈЛОШОТО СЕГА ДОАЃА: Поплави во опустошеното подрачје од земјотресот, поројот носи се пред себе – Има и мртви (ВИДЕО)

Од вчера врне дожд, а метеоролозите предупредуваат дека денеска ги очекува најлошиот ден.

Силниот дожд што зафати делови од Турција предизвика поплави, во кои животот го загуби најмалку едно лице.

Поплави се случија во градовите Адијаман, кој беше уништен во разорните земјотреси на почетокот на февруари и Шанлиурфа, каде е загрозен секојдневниот живот.

Според турските медиуми, најмалку три лица се водат како исчезнати во Адијаман, а шест во Санлиурф , додека спасувачите и нуркачите трагаат по нив.

– Има извештаи за исчезнати лица, но не можеме да ги потврдиме. Нашите екипи се обидуваат да стигнат таму со брод. Временските услови не се поволни за лет со хеликоптер – изјави градоначалникот на Шанлиурфа.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види како водата поплавува куќи и згради, возила се заробени, додека поројот носи се пред себе.

Медиумите јавуваат дека од вчера врне, додека метеоролозите предупредуваат дека денес е најтежок ден.

Да потсетиме, Турција беше погодена од разорни земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 48.000 луѓе, додека сега земјата се соочува со нова трагедија.