Во урнатините е пронајдено детско тело! Украинците направија вистински масакр во Лисичанск, војниците вадат тела (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Бројот на загинатите во нападот на вооружените сили на Украина врз пекара во Лисичанск достигна 28 лица, соопштија за Спутник од администрацијата на шефот на ЛНР.
– Дваесет и осум лица загинаа, меѓу кои и едно дете – изјавил изворот на агенцијата.
Покрај тоа, повредени се уште десет лица.
Снимен е моментот кога војниците го извлекуваат телото на едно лице од под урнатините, а не е сигурно дали лицето е живо или им подлегнало на повредите.
Видеото содржи вознемирувачка содржина
Според податоците на Воената команда, под урнатините биле пронајдени околу 40 лица.
Како што рече шефот на ЛНР, Леонид Пашечник, режимот на Киев, претрпувајќи пораз на фронтот, намерно го извршил нападот на неработен ден, кога многу луѓе одат да купат леб.