Раскошна бунда, секси фустан и брутални чизми! Џенифер Лопез уште еднаш покажа колку е убава (ФОТО)

Пејачката Џенифер Лопез на една забава во Њујорк се појавила како снежна кралица.

Познато е дека зимите во Њујорк знаат да бидат сурови, но на пејачката и актерка Џенифер Лопез тоа воопшто не и’ пречи. 

Таа отишла на забава во споменатиот град, облекла прекрасна, раскошна бела бунда, а под неа имала заводлив, секси бел фустан.

Секако, неколку парчиња накит што привлекува внимание го комплетираа целиот нејзин изглед, а многумина беа воодушевени и од нејзините чизми. 

Чизмите имаа помала потпетица, но светките што ги покриваа одлично се совпаѓаа со остатокот од облеката.