ВО ФРАНЦИЈА ВЛАДЕЕ ТОТАЛЕН ХАОС – Нивото на безбедност подигнато на највисоко ниво, аеродромите затворени и евакуирани, а на дојавите за бомби им ‘нема крај’

Версајскиот дворец денес повторно е евакуиран по закана за бомба, јавуваат француските медиуми.

Според пишувањата на тамошните медиуми, во тек е итна евакуација на палатата Версај.

Екипи за деминирање се на местото на настанот, додаваат медиумите повикувајќи се на неименувани извори.

Претходно денес осум аеродроми во Франција добија закани за бомби и нивната евакуација е во тек.

Полициски извор велат дека аеродромите во Ница, Лил, Тулуз, Нант, Брон и аеродром во близина на Париз добиле закани за бомби.

Евакуацијата доаѓа откако денес беше нападната синагога во Берлин со молотов коктел поради порастот на антисемитските инциденти во Берлин по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток.

Авионите кои штотуку слетале, или чии патници се спуштаат, не се враќаат на терминалот или се бара да чекаат во нивниот авион.

На аеродромот во Лил, предупредувањето е издадено по анонимни закани по е-пошта кои биле примени веднаш по 10:00 часот и целата зграда била веднаш евакуирана.

Во Брон тревогата е завршена, сигналната кула и два авиони се евакуирани, извршени се претреси и ништо не е откриено. Сообраќајот треба да продолжи напладне.

Закани доби и аеродромот Ница, но тревогата е веќе завршена. Причина за алармот бил оставен багаж на Терминал 1, кој бил неутрализиран.

Да потсетиме, Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво од петокот вечерта, откако наставник беше убиен во училиште во францускиот град Арас.