Во Франција и вечерва 45.000 полицајци ќе се справуваат со хаосот што владее низ цела држава

45.000 полицајци се мобилизирани и вечерва за да ги контролираат протестите што веќе шеста ноќ по ред се одржуваат во поголемите градови во Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен.

На безбедносните сили им е дадена наредба да спречат секаков обид за насилство и да ги приведуваат извршителите.

Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако 17-годишно момче беше убиено во предградие на Париз

Во насилните протести имаше повредени демонстранти и полицајци, беа запалени автомобили и демолирани продавници и други објекти.

Само во изминатата ноќ полицијата приведе 719 лица.