Во Центар интервју со Анес Ахмети – кандидат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше: ,,Ќе го развиеме туризмот во општина Маврово и Ростуше и ќе ја направиме посакувана туристичка дестинација за домашни и странски туристи” (фото)
Локалните избори претставуваат клучен момент за секој човек и секоја заедница бидејќи токму тогаш тие избираат лидер кој ќе ја води општината во која живеат и од него ќе зависи развојот на иститата. Годинава, локалните избори ќе се одржат на 19 октомври односно 2 ноември вториот круг. Овие избори се особено значајни затоа што бројот на кандидати за градоначалничката функција и за членови на општински совет е навистина голем.
Токму во пресрет на локалните избоори редакцијата на порталот ,,Во Центар“ го интервјуираше господинот Анес Ахмети – кандидат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше од редовите на СДСМ.
–Почитуван Анес Ахмети, најпрвин сакаме да Ве прашаме што Ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на општина Маврово и Ростуше?
Мојата главна мотивација беше тоа што себиси се сметам за човек кој сака промени и сметам дека јас сум човекот којшто навистина може да донесе позитивни промени во оваа општина. Имам јасна визија за развој на реканскиот крај и имам изготвено програма која се совпаѓа со потребите со моите сограѓани.

–Кое е Вашето претходно работно искуство односно што е тоа што сметате дека Ви дава предност во градоначалничката трка?
Моето работно искуство се заснова на повеќе полиња но се разбира најгорд сум на она што е и моја професија. Јас сум дипломиран професор по географија и во периодот од 2007 до 2017 година работев како наставник по географија во ОУ ,,Јосип Броз Тито“ – с. Жировница. Во периодот од 2017 година од страна на општината ми беше доверена функцијата директор односно да раководам и да менаџирам со училиштето. Таа функција ја извршувам и до ден денес. Во периодот на моето работење како наставник се обидував да допрам до секое дете и постојано бев активен учествувајќи во различни проекти. Периодот на менаџирање на ОУ ,,Јосип Броз Тито“ – с. Жировница навистина претставува посебен период од моето работно искуство затоа што сметам дека во тој период училиштето го издигнав на повисоко ниво. Нова фасада на училиштето, нов кров, нова санитарија, три интерактивни табли, неколку ЛЕД телевизори, награден фонд од 3000 евра од страна на НЛБ Банка со кои се купија најсовремени нагледни средства, учество во најразлични проекти и освојување на престижни награди се делата кои зборуваат за мојот начин на менаџирање.
–Што мислите, кои се најголемиот проблем со кој се соочува општина Маврово и Ростуше и дали Вие имате решение за истиот?
Според мене најголемиот проблем со кој се соочува општина Маврово и Ростуше е иселувањето на младите. Бројот на млади лица кои заминуваат во странство и општо бројот на луѓе кои се иселуваат секоја година е сѐ поголем и поголем. Се разбира овој проблем е во фокусот на мојата програма и затоа имаме изготвено проекти со кои се надеваме дека ќе ги задржиме младите тука. Тука би ги спомнал проектите од типот еднократна парична помош во висина од 6000 денари за секое првооделенче, еднократна парична помош во висина од 30.000 денари за секој студент, парични награди за најдобрите ученици, изградба на спортски објект во село Ростуше, вложување во подобро образование, изградба на паркови и места со кои ќе се збогати културно-забавниот живот на младите и ред други.
–Бидејќи иселувањето го спомнавте како најголем проблем а и сведоци сме дека бројот на граѓани кои живеат тука навистина е многу мал, од тука произлегува прашањето: Дали ќе има цензус?
Да, за жал бројот на граѓани кои живеат тука а имаат право на глас навистина е мал, постои и можност изборите да бидат неуспешни односно да нема цензус. Затоа упатувам апел до сите граѓани масовно да излезат и да учествуваат во изборниот процес и упатувам апел до дијаспората на 19 октомври да се вратат во Македонија, да го искористат своето право на глас и да бидат дел од една успешна приказна која на нашиот крај ќе му даде ново руво.
–Општина Маврово и Ростуше располага со бројни природни ресури кои, доколку правилно се искористат и се инвестира во истите, туризмот во општината би се издигнал на повисоко ниво. Дали имате изготвено проекти и која е Вашата визија за туризмот во општина Маврово и Ростуше?
Да. Нашата општина располага со голем број природни ресурси и богатства. Тука би ги спомнал Мавровското езеро, Националниот парк ,,Маврово“, водопадите Дуф, реката Радика, ски-центарот Маврово, леденичките езера Локув и целокупната флора и фауна распространета во нашиот крај. Се разбира, издигнувањето на туризмот и вложување во истиот се едни од приоритетите во мојата програма. Уредување на нова пристапна патека до водопадот Дуф во село Ростуше, креирање туристичка мапа со сите природни и културни атракции, изградба на велосипедски патеки, вложување во руралниот туризам, организирање на манифестации и настани преку кои ќе ја презентираме нашата богата култура и традиција. Со проектите кои ќе ги реализираме, општина Маврово и Ростуше ќе ја претвориме во посакувана туристичка атракција за домашни и странски туристи.

–Кои се проектите на кои Вие им давате особена важност во Вашата програма?
Современа инфраструктура, рамноправна заедница, нова канализациона мрежа во село Маврово, уредена патека до водопадот Дуф, спортско – рекреативен центар во село Ростуше, сигурно водоснабдување, подобрување на културно-забавниот живот на младите, чиста животна средина се дел од пректите кои се дел од мојата изборна програма.
–Дали во вашата програма имате конкретен план или мерки за подобрување на здравството и образованието во општина Маврово и Ростуше?
Здравството и образованието слободно можам да кажам се точки кои се во фокусот на нашата програма па затоа имаме план и програма за нивно значително подобрување. Се разбира ќе продолжиме да го помагаме здравствениот дом ,,Д-р Русе Бошковски“ со современа медицинска опрема, набавка на нови возила за брза помош. Ќе се воведат бесплатни превентивни контроли.
Во врска со подобрување на образовниот процес во општината, планирано е реконструкција и санирање на училиштата, набавка на интерактивни табли и ЛЕД телевизори со цел поквалитетна и современа настава.
Општината ќе финаансира кампови, излетници, посета на значајни манифестации и знаменитости со цел учениците да напредуваат, да го збогатат своето знаење и да ги усовршат своите таленти.
–Пред неколку години се прошири веста дека во реките во село Жировница се планира да се изградат мини хидро – централи. Вие бевте на меѓу првите кои се побунија на оваа вест, остро реагиравте на оваа одлука, се спротиставивте и спречивте нивна изградба. Дали како иден градоначалник имате зазедено конкретен став во врска со ова прашање?
Малите хидро-централи во заштитени подрачја или на територија на национални паркоови не би требало да се градат бидејќи нивната штета е навистина голема.
–Ако се направи ретроспектива на активностите во кои сте бил вклучен се добива впечаток дека станува збор за опшествено – одговорно лице кое е вклучено во низа граѓански активности, хуманитарни акции и опшествено – коорисни работи. Како би го искоментирале Вие ова?
Да. Во текот на мојот живот сум учествувал во низа опшествено – корисни активности, хуманитарни акции и акции кои беа спроведувани во нашата општина па и пошироко. Моето мото е: ,,Да се биде човек значи да се биде хуман.“ Токму ова е мисла водилка која ми дава енергија. Сакам да помагам, сакам да учествувам во различни активности бидејќи само така сум поблиску до мојот народ и заедно ги делиме сите победи и порази.
–Дали спроведувате теренски активности и какви се првите впечатоци?
Теренските активности се спроведуваат уште од првиот ден од изборната кампања. Посетени се сите сила, сите домови. Овие активности вклучуваат средби со граѓаните, трибини, делење информативен материјал, презентација на нашата програма. Преку средбите и разговорите со граѓаните добиваме сугестии за брз развој на општината.
–Каква е Вашата соработка со лицата кои се на врвот на советничката листа и како граѓаните ќе можат да влијааат врз одлуките кои ќе ги носи Општината и Советот на општината?
Секое едно лице на советничката листа е предложено од лoкалното население од различен дел од општината бидејќи само така ќе имаме реална слика за ситуацијата во која се наоѓа нашата општина. Соработката е конструктивна и на високо ниво заснована на заедничка визија за развој на општината. Кога станува збор за влијанието и учеството на граѓаните врз одлуките на Општината и Советот наш приоритет е секој граѓанин да биде виден и слушнат па затоа секој прв понеделник во месецот граѓаните ќе можат да разговараат со мене каде што ќе можат да ги споделат своите проблеми, сугестии, критики. Се разбира ние како локална самоуправа ќе наоѓаме решение за секој проблем на секој граѓанин.

–Што мислите, зошто сметате дека граѓаните треба Вам да Ви ја доверат довебата?
Од сите досегашни активности, приватни и лични ангажмани сум покажал дека во во мојот живот работата е приоритет. Секогаш сум работел совесно и одговорно без да си го извалкам лицето. Се надевам дека граѓаите ќе го препознаат тоа и ќе ми ја дадат нивната поддршка.
–Како ја замислувате општина Маврово и Ростуше за 4 години од сега?
–Чиста, средена и современа општина која ги задржува младите нудејќи им различни можности. Општина во која проблемите од типот водоснабдување, канализација, инфраструктура, улично осветлување или слично ќе бидат минато. Општина со развиен туризам, чесна и транспарентна локална самоуправа, чиста и уредена животна средина. Општина во која секој ќе сака да живее.
–За крај, која е Вашата порака која сакате да ја испратите до жителите на општина Маврово и Ростуше?
Би сакал да апелирам до сите жители на општина Маврово и Ростуше да ја изберат вистинска страна која се грижи за нашиот дом, страна која има јасен план за развој на општтината. Ова е важен период за нашата општина бидејќи граѓаните ќе треба да ја доверат својата иднина во нечии раце. Јас верувам во мојот народ и знам дека тие ќе го направат вистинскиот избор.
Кој е Анес Ахмети?
Анес Ахмети е родум од село Жировница, општина Маврово и Ростуше. Оженет и татко на две деца. Тој е дипломиран професор по географија и вработен во ОУ ,,Јосип Броз Тито“ – с. Жировница. Во моментов тој ја извршува функцијата менаџер односно директор на споменатото училиште.
Од разговорите со него се добива заклучок дека тој на неговата кандидатура за градоначалник на општина Маврово и Ростуше не гледа како обврска, напротив – можност преку која со транспарентна и одговорна работа ќе придонесе за развој на општината. Неговата визија е модерна општина во која сите ќе бидат рамноправни.
Изборниот спот на кандидатот за градоначлник Анес Ахмети можете да го погледнете на следиов ЛИНК