ВРАЌАЊЕ НА ЕДНА ЛЕГЕНДА:Серхио Рамос потпишува за Монтереј, ги израдува навивачите на Реал Мадрид со изборот на број
Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Рамос (38) потпиша едногодишен договор со мексиканскиот клуб Монтереј.
Легендата на Реал Мадрид се враќа на терените по речиси една година неактивност.
Рамос одбил неколку профитабилни понуди од Саудиска Арабија и Шпанија, прифаќајќи ја поканата од Мексико, пренесуваат шпанските медиуми.
Во неговиот нов клуб, тој ќе им се придружи на поранешниот соиграч од Севиља, Лукас Окампос и сонародниците Серхио Каналес и Оливер Торес.
Шпанецот ќе го носи бројот 93 во Монтереј во чест на неговото легендарно израмнување во финалето на Лигата на шампионите во 2014 година, кога постигна гол во третата минута од судиското надополнување (90+3). На крајот Реал Мадрид победи со 4:1 и стана европски првак, па Рамос со овој потег ги воодушеви навивачите на мадридскиот клуб.
Да потсетиме, Рамос важи за еден од најдобрите дефанзивци во историјата, а во кариерата освои 25 трофеи, меѓу кои Светско првенство, две европски првенства, четири ЛШ…
Играше за Реал Мадрид, ПСЖ и Севиља, а рекордер е со 180 настапи за шпанската репрезентација.