Новак Ѓоковиќ ќе се бори за историја на завршниот Мастерс, во Торино ќе игра во зелената група каде ривали ќе му бидат Синер, Циципас и Руне. Сега се знае кога ќе го одигра првиот натпревар во Италија.
Најдобрите тенисери во светот ќе ја завршат сезоната на Завршниот Мастерс кој ќе се игра од 12 до 19 ноември во Торино.
Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата и ќе се обиде да стигне до рекорден седми пехар. Една победа во групната фаза му го гарантира првото место на АТП рангирањето на крајот на годината и 400-та недела на врвот – таму ќе остане дури и ако Карлос Алкараз доживее само еден пораз.
Сега е познато кога Ѓоковиќ ќе го одигра првиот меч на турнирот.
Тоа ќе биде против Холгер Руне во првото коло.
Тој дуел е закажан за в недела од 21 часот.
Пред нив од 14 часот и 30 минути ќе играат Јаник Синер и Стефанос Циципас.